Таа во третиот сет од мечот против Екатерина Александрова, разочарана од загубениот сервис го фрли рекетот на теренот, кој незгодно отскокна директно кон публиката, каде што удри дете кое беше во првите редови. Бегу не сакаше да го направи тоа, но предизвика солзи кај детето, по што следуваше долга пауза за тоа да се смири.
Романката доби официјално предупредување поради инцидентот, но тоа не ја спречи да го добие мечот со 2-1 во сетови.