Столе Димитриевски е еден од најзаслужните што Рајо Ваљекано ја совлада Барселона на својот „Ваљекас“ со 1:0. Радамел Фалкао во 30. минута донесе водство за Рајо и добро го чуваше. Во 72. минута судијата Антонио Лахоз покажа на белата точка за Барселона по фаулот што го направи Валентин во сопствениот шестанесетник.
Мемфис Депај го изведе, но Димитриевски се фрли како мачка и го одбрани неговиот шут. Огромен шок и за фудбалерите на Барса и за нејзините навивачи кои го видоа третиот пораз сезонава поради кој се на 9-тото место со 15 бода.
Димитриевски во финишот се пожали на повреда па лекарите интервенираа и тој се врати во игра. Рајо ја оствари шестата победа сезонава што е изненадување и има 19 бода на петтото место.
Инаку ова е прва победа на Рајо над Барселона по декември 2002 година. Од тогаш, заедно со вечерашниот меч, се одиграни 15 натпревари, а Барса има 14 победи, додека само еднаш победи Рајо.
На другите денешни натпревари Мајорка одигра 1:1 со Севиља. Гостите дадоа гол во последните секунди од мечот но беше поништен од ВАР поради играње со рака. Во моментов се игра мечот Бетис-Валенсија, а вечерва играат Реал и Осасуна.