Мато Матиќ, 20- годишен млад голман на нисколигашот од Босна, ХНК Младост ненадејно починал од засега неразјаснети причини. Иако се било во ред со момчето и тој дури одиграл и натпревар викендов за својот клуб, сепак, синоќа ненадејно починал.
Клубот на неговата официјална страница се збогува со момчето, велејќи дека малото место од каде што доаѓа во општината Домаљевац нема никогаш да го заборави и дека ќе се обиде некако да продолжи без него.