Атмосферата во ПСЖ не само што не е најдобра туку е и драматична, а за тоа виновник е Килијан Мбапе, кој пред неколку месеци потпиша нов договор со францускиот гигант и доби поголема моќ, па сега си зема за право да брка фудбалери од екипата.
Бразилскиот медиум „УОЛ Еспорте“ објави дека Мбапе наводно од претседателот Насер Ал Келаифи побарал да ги отстрани сите Аргентинци од тимот, меѓу кои и Лионел Меси.
Францускиот репрезентативец не е задоволен од неговите колеги, а сите ги изненади на мечот против Монпелје кога го удри со рамо Меси, по што Аргентинецот зачудено го гледаше младиот напаѓач.
https://twitter.com/aspor/status/1560526163713335298?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1560526163713335298%7Ctwgr%5Ea03416b8c139db2fa8c47e150194193eea2f82c3%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsport1.mk%2Ffudbal%2Fligi%2Fmbape-bara-od-al-kelaifi-da-go-izbrka-mesi