Барселона му гостува на Рајо Валјекано во првото коло од шпанската Ла Лига, но регистрацијата на неколку играчи досега беше под знак прашалник.
Барселона во текот на летото донесе одлични играчи како Левандовски, Рафиња, Кеси, Кунде, Кристенсен… Сепак, регистрацијата на играчите пред почетокот на Ла Лига беше под знак прашалник. Каталонскиот клуб мораше да најде начин да ги регистрира новите играчи и оние кои неодамна ги продолжија договорите, а Чави се подготвуваше за најлошото сценарио.
Администрацијата предводена од претседателот Жоан Лапорта успеа да го активира четвртиот финансиски лост и да ги реши сите проблеми и практично „со звукот на сирената“ да ги регистрира сите играчи во ростерот на Чави Хернандез, ден пред почетокот на лигата.
И не само тоа, Барселона планира уште засилувања, пред се го чека Маркос Алонсо од Челси. Со недели се шпекулира за трансфер на левиот бек, но дури сега тоа ќе биде можно.
Барселона објави клучна информација.
„Клубот може да објави продажба на 24,5% од студиото Барса на Орфеус Медиа, управувана од г-дин Жауме Руре, за 100 милиони евра. Со оваа инвестиција, стратешките партнери во студиото Барса покажуваат доверба во вредноста на проектот и иднината во дигитална содржина во светот на спортот“, се вели на официјалната веб-страница на клубот.