Швајцарецот Бит Фојз е победник на многу тешкиот олимписки спуст. Среброто го освои Французинот Јохан Клери .
Бит Фојз стигна до третиот медал и првото злато на неговите трети Олимписки игри. Во Јужна Кореја заврши втор во супервелеслалом и трет во спуст, а сега победи и во најбрзата дисциплина.
Фојз е и единствениот од подиумот во Пјонгјанг кој настапи на денешниот спуст, Норвежаните Аксел Лунд Свиндал и Кјетил Јансруд ги немаше на стартот, Свиндал се пензионираше, а Јансруд се уште нема настап по тешката повреда.
Фојз заврши одлична работа и беше најбрз низ целта, туркајќи го Австриецот Матијас Мајер на второто место со 16 стотинки предност.
Но, потоа следеше мало изненадување, 41-годишниот Јохан Клери извозе фантастична трка во вистинско време и заврши втор со десет стотинки зад Фојз. Не само што го освои среброто, Клери стана и најстариот скијач во историјата на подиумот на Зимските олимписки игри.
Еден од главните фаворити за победа Норвежанецот Александар Омод Килде заврши на петтото место со половина секунда заостанување зад победникот.
Инаку, спустот беше прекинат околу 15 минути откако Германецот со стартен број два Доминик Швајгер тешко падна и се здоби со повреда на раката и рамото. Беше потребно време за да се излезе од патеката, подоцна имаше уште и некои други откажувања, но не толку драматично.