Знамето на Саудиска Арабија наскоро за прв пат во историјата ќе се вее на свеченото отворање на Зимските олимписки игри во Пекинг. Саудиските бои во Пекинг ќе ги брани 25-годишниот алпски скијач Фајик Абди, кој се пласираше во велеслаломската конкуренција.
„Бев пресреќен што ја добив пораката од мојата федерација. Сега се фокусирам на она што треба да продолжам да го правам, а тоа е да тренирам, да останам приземјен и скромен“, изјави Абди за Arab News, додавајќи дека му е чест што претставува Саудиска Арабија во Пекинг.
За прв пат почнал да скија на четиригодишна возраст, а за време на неговите скијачки преселби, Абди тренирал во многу земји вклучувајќи ги Австрија, Франција, Италија, Швајцарија, Шведска и Црна Гора. Од 2016 до 2020 година студирал кривично право на Универзитетот во Јута во Солт Лејк Сити каде што бил и тренер.
View this post on Instagram
Во декември 2021 година, тој учествуваше на својата прва трка во Кабдалис, Шведска, каде што настапи на уште две трки. Потоа настапи во Црна Гора. „Го избрав алпското скијање затоа што сакам брзо да скијам, тоа е исклучително технички спорт. Кога луѓето го гледаат, не сфаќаат колку техничка подготвеност бара“, додаде тој.