Неверојатно страшен пад имаше најдобрата светска скијачка, по што со хеликоптер беше пренесена в болница. Микаела Шифрин доживеа тежок пад на трката во спуст во италијанскиот зимски спортски центар Кортина Дампецо.

Американката, чии омилени дисциплини се слалом и велеслалом, одлучи да се натпреварува и во спуст, но тоа не заврши добро. Првото време на минување ѝ беше добро, заостана 65 стотинки зад водечката Лаура Пировано, но до второто не ни стигна затоа што излета од патеката и се заби во заштитната ограда по што остана да лежи.

 

Таа сцена предизвика страв кај многумина кои го гледаа телевизискиот пренос, особено поради тоа што по извесно време мораше да дојде и хеликоптер за да ја пренесе до најблиската болница.

Нешто подоцна со соопштение се огласи американската скијачка федерација која објави дека Шифрин нема скршеници и најверојатно ќе паузира околу две недели.