Кошаркашкиот генијалец, србинот Никола Јокиќ беше единствена светла точка во убедливиот пораз на Денвер од Њујорк. Српскиот центар ќе има и последици од ова гостување во „Медисон Сквер Гарден“.
Шампионот го доживеа најубедливиот пораз сезонава, а Јокиќ стигна до дабл-дабл учинок, а една луда асистенција ја издвојуваме поради начинот на кој што Србинот го пронајде Арон Гордон а овој ја закуца топката во кошот.

Центарот ги воодушеви коментаторите и фановите, но сепак го заврши дуелот со незгодна повреда на едното око.

Јокиќ заработи удар од Дивинченцо во вториот период и со реакцијата стави до знаење дека се работи за многу незгоден удар, па иако го доигра натпреварот, по неговиот крај потврдил дека чувствува сериозна болка.