После освоеното шесто место во 1998 година, репрезентацијата на Унгарија заврши како петтопласирана на ЕП во Германија и го оствари најдобриот пласман во својата историја, кога станува збор за континенталните шампионати.
Во натпреварот за петтото место, Унгарците ја совладаа Словенија со 23-22, пред се благодарение на подобрата игра во второто полувреме. Интересно е тоа што Словенија главно го контролираше резултатот во текот на мечот и почесто беше во водство. Највисоката беше на почетокот (5-2), а пред крајот имаше и +2 (22-20). Унгарците потоа постигнаа три гола во низа и дојдоа до победата.
Банхиди и Лекаи постигнаа по пет гола за Унгарија, а Благотиншек, Влах и Зарабец со по четири голови беа најефикасни во словенечката репрезентација.