Расплетот од првата фаза на хокеарскиот турнир на Зимските олимписки игри се одигра во групата Б. И покрај поразот од Чешка во продолженијата , прва заврши Русија, додека второто место го обезбеди Данска која ја совлада Швајцарија .
Во последното, 3. коло од групата Б на Олимпискиот турнир во хокеј на мраз на Зимските олимписки игри во Пекинг, Чешка ја совлада Русија со 6-5 по продолжение. Но, без разлика на тој резултат, Русија обезбеди директен пласман во четвртфиналето како победник во групата, додека Чешка како трета во групата ќе мора игра во меѓуколото. Владимир Ткачов (4:51) ја доведе Русија во водство, но Чешка израмни до крајот на првиот период со силниот удар на Томаш Кундратек (12:37) во ситуација со играч повеќе на мразот. Нова предност за Русија во средината на вториот период обезбеди Никиита Нестеров (32:19), но откако Дмитри Воронков беше исфрлен од игра поради удирање на противникот во глава, Чешка доби можност да одигра пет минути со играч повеќе.
Тоа го искористи за да поведе со головите на Роман Червенка (38:41) и Михаел Спачек (39:16) со 3:2. Лукас Клок (43:14) зголеми на 4:2 и ја донесе Чешка на победничката позиција, но Русија возврати со три последователни гола за неполни пет минути преку Кирил Семјонов (43:50), Арсениј Гричук (46:43) и Андреј Чибисов (48:22) за предност од 5,4.
Сепак, Томаш Хика (48:57) израмни на 5:5 само 35 секунди подоцна, а бидејќи резултатот не се менуваше до крајот на 60. минута, победникот беше решен во продолжението. Голот за победа на Чешка го постигна Либор Шулак (64:29), повторно во ситуација со играч повеќе на мразот.
Русија го освои првото место во групата и обезбеди директен пласман во четвртфиналето со седум бодови, додека Чешка заврши на третото место во групата со четири бода.
Второто место со шест бода го освои Данска која со 5:3 победи против Швајцарија, која го зазеде последното, четврто место во групата со еден бод. Головите за Данска ги постигнаа Петер Регин (20:46), Фредерик Сторм (21:07, 59:01), Микел Боедкер (33:12) и Николај Мајер (41:55), додека стрелци за Швајцарија беа Енцо Корви 15:59), Ромен Лофел (44:53) и Фабрис Херцог (57:37).