Македонскиот напаѓач Никола Ѓорѓев игра квалитетно во дресот на швајцарскиот Арау и тоа го потврди и во соочувањето со Тун каде одигра клучна улога во убедливиот триумф од 3-0.
Тун се обидува да избори директен пласман во првата швајцарска лига, но на гостувањето кај Арау доживеа тежок удар, пораз во кој се истакна македонскиот интернационалец.
Имено Ѓорѓев прво го отвори резултатот во 18 минута, а потоа во 24 забележа и асистенција за 2-0. Во вториот дел погоди и Фазлиу со што беше поставен конечниот резултат.
Офанзивецот има учинок од 7 гола и 7 асистенции во Швајцарското првенство.