Ајнтрахт Франкфурт го совлада Аугсбург со 3-1, во натпревар од 30. коло на Бундеслигата. Освојувачот на Лига Европа од пред две сезони до новите три бода стигна по пресврт во вториот дел, откако гостите имаа предност од 0-1 на полувреме.
Аугсбург поведе уште во 13. минута, кога погоди Рубен Варгас. Домашните фудбалери ја пробија противничката одбрана и израмнија преку Фарес Шаиби во 55. минута.
Победата на Ајнтрахт ја најави Уго Екитике во 61. минута, а триумфот го завери Омар Мармуш во шестата минута од судиското надополнување.
Франкфурт е шести на табелата со 45 бода, додека Аугсбург остана седми со шест бодови помалку, со сè помалку шанси за пласман во Конференциската лига.