Фудбалерите на Бетис ја совладаа Барселона на Ноу Камп со резултат 1:0 во 16. коло од шпанската Примера.
Избраниците на Чави ја презедоа теренската иницијатива од самиот почеток на мечот, па први се заканија преку Кутињо.
По не премногу интересниот прв дел од натпреварот, следуваше возбудливо продолжение на натпреварот.
Бетис постигна гол на почетокот на вториот дел преку Хуанми, нп беше досуден офсајд, по што расположениот Дембеле во три наврати се обиде да му се закани на Силва.
Казната за промашувања стигна во 79. минута, кога по одличен контранапад Канелес лесно се ослободи од Де Јонг и го проигра Тељо кој извонредно асистираше до Хуанми , кој овојпат не беше во офсајд кога погоди.
Веднаш по примениот гол, одлична прилика пропушти Езалзуи кој го промаши целиот гол од непосредна близина.
Барса на крајот ќе има за што да жали, особено по прилично доброто второ полувреме кога Бетис искусно ја чекаше својата шанса и ја искористи.
https://www.youtube.com/watch?v=zZyhOGsQK4I