Во 12 коло од Третата фудбалска луга – Југозапад , се одигра дербито помеѓу водечкиот Караорман и амбициозниот тим на Македонија од Враништа . Домаќинот Караорман кој сеуште е непоразен во досегашниот дел од сезоната ја оправда фаворитската улога и ја искористи поддршката од  своите верни навивачи – Паткари , славејќи со убедливи 6:1(3:1) .

Караорман тргна фуриозно и веќе до 20 минута имаше убедливи 3:0 , со головите на Климе Далчески в0 12 минута , Никола Димов во 18′ и на Илија Далчески во 20 минута . До крајот на полувремето гостите од Враништа успеаа да го ублажат водството на домаќинот со голот на Васко Боровчански .

Сепак во второто полувреме Караорман не дозволи никакво изненадување и покажа дека е најсериозен кандидат за влез во Втората лига . Најпрво на 4:1 зголеми Ивица Ќелешоски од пенал во 50 минута , а победата ја потврдија Никола Димов со својот втор гол во 75 минута и Ненад Попоски кој ги постави конечните Kaраорман – Македонија Враништа 6:1 .

 

ТМФЛ Југозапад – Табела 2021/2022

ПозЕкипаPWDLFAGDPts
11211104510+3534
2128223918+2126
3117132522+322
4115602812+1621
5126332820+821
6114432920+916
7124443129+216
8114072125-412
9123272225-311
10122462134-1310
11112361327-149
121220101352-396
1311128929-205