Миовски вели дека треба да ги исполнат барањата на селекторот Благоја Милевски и заедно со поддршка од публиката во Скопје смета дека може да се избори позитивен резултат.
„Мислам дека рано го отворивме Лихтенштајн. Знаевме дека по првиот гол ќе биде полесно. Имаме спој од младост и искусни фудбалери, кои ни помагаат во тек на натпреварите. Мислам дека имаме одлична репрезентација за иднината. Мислам дека секој фудбалер ужива да игра против Германија, нема што да загубиме. Треба да ги исполниме барањата на селекторот Благоја Милевски и мислам дека ќе избориме позитивен резултат. Да се биде дел од националниот тим е гордост. Чест ми е што дебитирав за репрезентацијата и во иднина се надевам дека ќе ја оправдам довербата на тренерот. Мислам дека Германците се силна репрезентација, која нема да нѐ потцени. Тие се свесни за тоа што ги чека, а ние со помош на публиката ќе направиме да не им биде лесно во Скопје“, вели Миовски.