Европската фудбалска унија (УЕФА) веќе го закажа мечот во Разград, кој ќе се игра од 18 часот и „балканското дерби“ ќе биде под посебна лупа најмногу и поради политичките односи на Бугарија и Македонија, кои се затегнати веќе подолго време со блокадите за пристапните преговори од источниот сосед кон нашата земја.
Инаку одлуката да се „избега“ од Софија, од раководството на бугарскиот сојуз го оправдуваат и со фактот дека во Бугарија во моментов нема многу стадиони од А-класа, а Националниот стадион „Васил Левски“ сѐ помалку ги исполнува најстрогите критериуми на УЕФА за врвни мечеви, а притоа е и исклучително скап за користење.
Македонија е во група освен со Бугарија и со Грузија и Гибралтар, а трите наши противници се послаби од нас поред рејтингот на последната ФИФА ранг-листа.