Екипата на Струга Трим Лум стигна до убедлив триумф (4-0) против Вардар на домашен терен, во заостанат натпревар, од 5. коло во Првата лига.
Вардар издржа едно полувреме, но потоа Струга ТЛ ја капитализира својата добра игра.
Бесарт Ибраими го отвори резултатот во 56.минута, со дриблинг се ослободи од Брдаровски и го совлада Гачевски.
Вториот гол за Струга ТЛ го постигна Ментор Мазрекај во 75. минута, а Хадис Таири зголеми на 3-0 во 84.минута. Во судиското продолжение стружани постигнаа и четврти гол преку Сенад Јаровиќ.
По овој триумф, Струга ТЛ има 24 бода и се наоѓа на третото место, со бод помалку од Шкупи и од Шкендија.