Македонската тенисерка Ѓорческа обезбеди пласман во осминафиналето на турнирот во Грција, откако нејзината противничка Александра Игнатик го предаде мечот во третиот сет.
Ѓорческа го загуби првиот сет во тај-брејк со 4-7, но потоа ја презема контролата во натпреварот и почна да доминира.
Македонската тенисерка го доби вториот сет со убедливи 6-1, а потоа поведе со 2-0 во третиот сет, а Игнатик реши да го предаде натпреварот.
Ѓорческа во осминафинале ќе игра против Софиа Рочети која беше подобра од Елена Корокозиди со 2-0 во сетови.