Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз продолжи со голем пад во формата, што кулминираше со елиминација уште во второто коло од мастерс турнирот во Париз. За Алкарас е прво излегување на терен, имајќи предвид дека како втор носител ја прескокна првата рунда.
Вториот светски рекет „беше преслушан“ од Роман Сафиулин од Русија, 45. на АТП-листата со 6-3, 6-4. Шпанецот загуби во третото коло на мастерсот во Шангај, а претходно во Пекинг беше елиминиран во полуфиналето, што посочува на евидентен пад во формата, кој и не е така редок кај тенисерите во овој период од сезоната.
Сега му претстои финалниот АТП-турнир во Торино, од 12 до 19 ноември, на кој се игра во групен формат, во конкуренција на уште седум најдобри тенисери во календарската година.
Што се однесува до Сафиулин, тој ја оствари победата на кариерата и сега во третото коло ќе игра против сонародникот Карен Хачанов, кој го совлада Ласло Ѓере од Србија со 6-4, 7-5.