Виландер кажа дека секогаш може да се очекуваат изненадувања во светот на спортот, па така не треба да загрижува поразот на Србинот во третото коло на УС-опен.
„Мора да прекинеме да се изненадуваме кога ќе загуби, туку треба да бидеме изненадени кога ќе освои титула на 37 години. Засега не гледам дека годините му претставуваат проблем. Не можам да верувам дека игра во ваков ритам, мислам дека ќе освои уште два гренслем-турнири и ќе заврши со 26 пехари“, кажа Виландер.