Домашните на крајот од третиот период имаа дури 20 поени предност и се чинеше дека рутински ќе победат, но на крилата на Џонсон и на француското кошаркарско чудо „спарс“ направија пресврт и се радуваа на крајот кога и единствен пат водеа на средбата. Маестралниот Вембањама во финишот на првото полувреме го изведе најубавиот потег на натпреварот, откако прво го исфрли од игра искусниот Кевин Дурент, а потоа спектакуларно со левата рака заби над 208 сантиметри високиот центар на Феникс, Дру Јубакс.
Со овој фантастичен потег тој го фрли во транс коментаторот Брајан Андерсон, кој воодушевено извика: „Погледнете го лицето на Дурант!“ Вембањама дуелот го заврши со 18 поени, осум скока и четири блокади.