Болоња водеше во голем дел од натпреварот, но српскиот напаѓач Душан Влаховиќ погоди со глава во финишот од натпреварот и спречи шок во Торино, па дуелот заврши 1-1.
Јувентус не дојде до победа иако беше сериозен фаворит против Болоња, па бјанконерите можеа да поминат и полошо.
Болоња со гол на Фергусон во 24. минута дојде во водство од 1-0, тој резултат беше актуелен долго време.
Во 80. минута по асистенција од Илинг Жуниор, Влаховиќ даде гол со глава и ги постави конечните 1-1.
https://twitter.com/samirsynthesis/status/1695862173912715736?s=20
Нерешено беше и на дуелот меѓу Фиорентина и Торино, кој заврши 2-2.
Виолетовите со голови на НикоГонзалез и Данкан имаа предност од 2-0 по првото полувреме, во вториот дел Лече со погодоци на Рафиа и Крстовиќ се спаси од пораз и извлече бод за конечни 2-2.