Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми го постигна својот прв гол во Кина откако во март замина од Динамо Загреб во Пекинг Гуан, па денеска против Нантонг Жијун погоди спектакуларно – „лансирајќи“ вистинска бомба.
Адеми од прва во 23-та минута испрати вистински проектил од работ на шеснаесетникот и ја закова топката во мрежата а за македонскиот репрезентативец ова е прв гол по трансферот во најмногубројната земја на светот, откако на дебито за новиот клуб на почетокот на минатиот месец изнуди пенал за реми.
Пекинг имаше лош старт на сезоната со само една победа и четири ремија во првите шест кола од новата сезона во Кина.
https://twitter.com/HotpotFootball/status/1658081010939211776?s=20