Томас Ечеверија го помачи Ѓоковиќ во првата рунда, па и денеска Димитров не се предаде без борба и обезбеди трет решавачки сет во кој сепак Ѓоковиќ беше на ниво и на Бугаринот му допушти само еден гем за убедливо да го освои и да дојде до победата.
Сепак загрижувачки беше падот на Ѓоковиќ во вториот сет, зашто сѐ изгледаше на лесна победа во два сета, ама по 4-2 му дозволи на Димитров да освои 12 поени по ред и да го однесе дуелот во трет сет.
За четвртфинале Ѓоковиќ ќе го чека подобриот од дуелот Камерон Нори – Мартон Фучович.