Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ не доби шанса да ја брани титулата на Австралијан опен, а дополнителен удар за најдобриот играч во моментов е тоа што „Би-би-си“ има докази дека тој ги фалсификувал тестовите за ковид-19.
Британскиот медиум посочува дека Ѓоковиќ бил позитивен на 26 декември, а не на 16 декември, откако ги анализирал и потврдил шифрите издадени од Институтот за јавно здравје на Србија.
Тоа што е интересно е дека на тестовите кои беа објавени има нешто сомнително, а тоа е серискиот број на тестот кој е направен. Поточно, бројот на првиот тест е поголем од вториот, па така новинарите тврдат дека тоа не е возможно и сметаат дека Србинот направил фалсификат за кој треба да добие дополнителна казна.
Инаку, Ѓоковиќ на тениските терени ќе се врати на 21 февруари кога ќе игра на турнирот во Дубаи. Неговиот настап е веќе потврден.