Ретко се случува една интервенција на одбранбен играч да ги засени головите. Токму таква сцена беше видена на дербито на Чемпионшип во Лондон, меѓу Фулам и Борнмут.
Се играа последните минути од првото полувреме кога домаќинот изведе школски, одличен контранапад. Топката дојде до Александар Митровиќ по левата страна, Србинот шутираше, а левиот бек на гостите Стив Кук буквалносе фрли за да ја спаси мрежата.
Сепак, тоа не беше се. Карваљо го дочека одбивањето на шест метри од мрежата, а Кук иако на земја, повторно спасуваше овој пат со со глава.