Баерн неодамна потврди дека дефанзивецот Никлас Суле ќе го напушти клубот на крајот на сезоната. Сега соиграчите на Суле би можеле да бидат разочарани, откако Борусија Дортмунд објави дека го доведува во своите редови.

Тој беше поврзуван со клубовите од англискиот премиерлигаш Њукасл и Челзи, но на крајот му се приклучи на најголемиот ривал на Баерн.

Италијанскиот новинар Фабрицио Романо, кој на Твитер објави дека Суле има вербален договор со Борусија, изјави дека германскиот дефанзивец ќе потпише петгодишен договор со новиот клуб, но тоа се уште не е официјално објавено.