Според страницата во предвид се замени 165 играчи во петте најсилни лиги од т.н. „лига петка“ и тоа фудбалери кои имале најмалку двоцифрен број на шанси. Меси е убедливо најслаб со реализација на само 8,3 отсто од шансите кои ги имал за да постигне гол за Пари Сен Жермен.
Аргентинецот летоска бесплатно дојде во ПСЖ поради финансиските проблеми на Барселона и не ги оправда очекувањата со само четири гола во 22 меча, без оглед што има 13 асистенции, а пет гола во ЛШ. ПСЖ освои нова титула, осма во последната деценија, но главната цел во ЛШ не е остварена со елиминацијата уште на стартот.