Џоел Ембиид успеа да ги внесе Филаделфија 76ерс во втората рунда од НБА плеј-офот, но тоа го плати со повреда на лицето која на неодредено време ќе го оддалечи од паркетот и не се знае колку натпревари ќе пропушти од серијата против Мајами.
Ембиид оваа сезона е најдобра во неговата кариера и заедно со Никола Јокиќ и Јанис Антетокунмно е кандидат за МВП. Во шесте натпревари од серијата против Торонто Репторс имаше просек од 26,2 и 11,3 скока, но играше со силно темпо и во натпреварот
Сиксерси имаа неверојатни 27 поени на нешто повеќе од четири минути пред крајот на шестиот натпревар во Торонто.
Во случај кога имаа загарантирана победа чудно беше што сеуште беше на паркетот. Па така Паскал Сијакам при пробив ненамерно го удри со лакт во лицето. По натпреварот му беше констатирана скршеница на десната јаболчница и благ потрес на мозокот. Засега нема индикации дека ќе биде подготвен за првиот натпревар од полуфиналната серија на Западот против Мајами ноќта од понеделник кон вторник.
https://twitter.com/TheNBACentral/status/1520202927226425346?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1520202927226425346%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Fsport%2Fclanak%2Fvideo-joelu-embiidu-slomljeno-lice-ne-zna-se-kada-ce-se-vratiti%2F2360461.aspx