Шест дена поминаа по разорниот земјотрес во Турција во кој загинаа над 22.000 луѓе. Спасувачите не се откажуваат во потрагата на преживеани и нивната упорност се наградува со чудата кои се случуваат.

Тинејџер бил спасен по 119 часа поминати под урнатините, а кога бил изваден бил облечен во дресот на Фенербахче, неговиот омилен тим.

Момчето вечерта легнало да спие со дресот затоа што со нетрпение го чекал мечот на Фенербахче кој требало да се игра во понеделникот. Сепак поради земјотресот кој се случи во четири часот наутро, сите мечеви беа одложени.

Од Фенербахче, на 16-годишниот нивни фан му порачаа да не се грижи и дека во скоро време ќе биде нивни специјален гостин на некој натпревар.