Во кошаркарската Евролига се одиграа три интересни натпревари, а најголемата драма беше во Атина, каде Валенсија со тројка во последната секунда дојде до победа од 92-91 над Панатинаикос.
Монако го доби француското дерби против Асвел со 87-75, а Жалгирис беше подобар од Басконија со 79-75.
Крис Џонс беше херојот на Валенсија, со тројка со звукот на сирената, откако со финта го измести Дерик Вилијамс. Валенсија им се придружи на Партизан, Жалгирис и Басконија на делба на шестото до деветтото место со скор 13-11.
Погледнете ја тројката која ги шокираше фановите на ПАО:
https://twitter.com/EuroLeague/status/1624156222583881728?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1624156222583881728%7Ctwgr%5E0b33ad473cb0572fc0e8269752788fb114a0cd67%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsportmanija.mk%2Fvalensija-gi-shokirashe-zelenite-detelinki-so-trojka-vo-posledna-sekunda-video%2F