Капитенот на Партизан и најдобар стрелец, Кевин Пантер ја завршува авантурата во белградскиот гигант, па во следната сезона ќе настапува во дресот на Барселона.
Пантер ја прифатил понудата на Барселона и реши да го напушти Партизан за трансфер во славниот каталонски клуб.
Тој беше еден од клучните играчи на Партизан кој му ја донесоа на тимот титулата по деценија чекање, но навивачите ќе го паметат и по тоа што наседна на провокација од Љуљ по што црно-белите останаа без пласман на фајнл-фор во Евролигата.
Барселона и пред минатата сезона го сакаше Пантер, но тогаш трансферот не се реализираше.
Пантер изминатата сезона имаше просек од 15 поени и по 2,6 скокови и асистенции, со 1,1 украдени топки и 35 проценти шут за тројка. Тоа не беше сезона како претходната.