Аеродромци го совладаа хрватскиот претставник Шибенка со 93-77, на турнирот во Нови Сад а во претходното коло беа подобри од Шенчур. Не само што нашиот тим речиси постојано беше во водство, туку цело второ полувреме предноста беше двоцифрена, а највисоката изнесуваше 24 поени.
Шибенка оделеваше само во првата половина од воведната четвртина кога и поведе со 9-4. МЗТ Скопје го презеде водството по серијата од 10-0, пред крајот на кварталот дојде до +7, а по уште една низа, сега од 11-0 во вториот период стигна на 44-30. Тогаш беше јасно дека победата нема да биде доведена во прашање.
Шестмина кошаркари на МЗТ Скопје постигнаа двоцифрен број поени, најмногу (16) Делалиќ, но придонес во победата дадоа сите кои се појавија на теренот. Пред шампионот е уште еден дуел на турнирот во Нови Сад, против домаќинот и голем фаворит Војводина, в недела во 18 часот. Шибенка останува на последното место на табелата со само една победа во досегашните девет кола.