Напаѓачот на Ливерпул, Садио Мане, е подготвен за трансфер во Ла Лига. 29-годишниот Сенегалец триумфираше со својата национална селекција на Африканскиот куп на нации и имаше забележителни игри на турнирот.

На Мане му истекува договорот со клубот од „Енфилд“ во јуни 2023 година, а шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона будно го следат развојот на настаните.

Според шпанските медиуми, Мане е подготвен да се раздели со Ливерпул доколку добие понуда од Реал или Барса.

Садио Мане оваа сезона има десет гола и една асистенција на 26 натпревари за „црвените“, а напаѓачот има вкупно 107 гола и 44 асистенции за Ливерпул од неговото доаѓање на „Енфилд“ во летото 2016 година кога пристигна од Саутемптон.