Фудбалерите на Гронинген го совладаа АЗ Алкмар со 2: 0 во натпреварот од 10.коло на холандското првенство, а натпреварот го одбележа младиот белгиски офанзивен играч Сирил Нгонг, кој го постигна првиот гол на спектакуларен начин.

Тој го искористи центаршутот на Ел Ханкури од левата страна, а потоа покажа врвна мајсторија во шеснаесетникот,така што  топката која одеше зад него ја смести во мрежата  со таканаречен „шкорпија удар“ – ја префрли топката зад грбот со својата пета и целосно ги изненади и противничкиот одбранбен играч и голманот.

Веројатно го постигна голот на кариерата, а воедно стана и кандидат за „Пушкаш“ наградата,  која се доделува на стрелецот на најубавиот гол во една календарска година.

ВИДЕО