Реал Мадрид со уште една победа од 2-0 го потврди пласманот во полуфиналето од ЛШ, овојпат автор на триумфот на кралскиот клуб беше Родриго.

Челси имаше неколку одлични шанси, но не ги искористи. Казната стигна во 58. минута кога по една брза контра Родриго постигна гол за водство на Реал Мадрид од 1-0.

По една контра Реал дојде до водство од 1-0. Главниот трк го имаше Родриго, потоа му ја додаде топката на Винисиус, тој му ја врати и Бразилецот постигна гол.

 

На десет минути пред крајот прекрасна акција на Реал Мадрид, Валверде несебично го проигра Родриго кој ги постави конечните 2-0.

Реал Мадрид во полуфиналето за противник ќе го има победникот од дуелот меѓу Манчестер Сити и Баерн Минхен, англискиот тим има предност од 3-0.