Eкипата на Атлетико Мадрид го претрпе првиот пораз сезонава во Примера. Бетис беше подобар од „јорганџиите“ и постигна минимална победа од 1:0.

Бетис одигра одличен натпревар, создаде повеќе прилики за гол, но на крајот како одлучувачки се покажа автоголот на Хозе Марија Хименез на стартот од натпреварот.

Дефанзивецот на Атлетико си ја погоди сопствената мрежа по една лоша реакција во четвртата минута.