Најдобриот македонски таеквондист Дејан Герогиевски освои сребрен медал на Г1 Светскиот Куп кој се одржува во Букурешт.

Георгиевски се бореше против Вудард од САД и Петрос Андреу од Кипар и во овие борби заслужено оствари две победи. Во битката за златниот медал Георгиевски беше поразен од францускиот таеквондист Омар.

Претходно Георгиевски четири пати го победуваше Французинот, но денеска не успеа да слави.

„Одиме по зацртаната патека, олимписките игри во Лос Анџелес 2028 се наш следен предизвик. Чекориме по највисоките светски олимписки стандарди, тоа е критериум кој го поставивме и живееме за да го негуваме“, објавија од Таеквондо Федерацијата на социјалните мрежи.