Македонскиот фудбалер Даниел Аврамовски одигра со одличен натпревар во турското првенство, постигна два гола во победата на Болуспор од 1-2 против Истанбулспор.

Аврамовски го отвори резултатот во 13. минута, додека вториот гол го постигна само три минути подоцна. До крајот на првиот дел домаќините намалија на 1-2, а тој резултат се покажа и како конечен на дуелот.

За Аврамовски ова беше шести гол во првенството во десеттиот натпревар.

Ердон Даци вчера постигна неверојатен гол за Дајнзе на дуелот против Моленбек. Повремениот македонски репрезентативец постигна гол буквално од половина терен.