Лидерот во Примера, Барселона покажува слабости на последните дуели, па губи бодови, во претходното коло претрпе пораз од Реал Сосиедад (1-0), а вчера испушти сигурна победа во дуелот со Селта во Виго.
Во 84 минута дефанзивецот Кунде направи катастрофална грешка, сакаше да ја врати топката до Пења, тоа го искористи Гонзалес и ја намали негативата. Настана пекол на „Балаидос“ и по две минути беше 2-2 стрелец беше Алварес, кој со одличен дриблинг го измести Форт и неколку дефанзивци на Барса, а голот беше доволен за голем бод за Селта.
Ова е прво реми во сезоната за Барса во сите конкуренцији. Четата на Флик останува на првото место со 34 бода, пет повеќе од Атлетико Мадрид.