Екипата на англискиот првак Манчестер Сити е во сериозна криза во првенството на Премиер Лига. Избраниците на Пеп Гвардиола беа надиграни и катастрофално поразени, екипата наТотенхем на „Етихад“ оствари голема победи со 0-4.
Манчестер Сити на овој дуел беше немоќен, слаб во дефанзивата , очаен во нападот. Неколку шанси Ерлинг Халанд не ги искористи, но одличен беше и голманот на Тотенхем, Викарио.
Творец на големата победа беше Џејмс Медисон кој во првото полувреме го шокира гигантот од Манчестер со два гола. Тој во 13.минута донесе водство за Тотенхем, а седум минути подоцна го дуплира на 0-2.
Третиот гол беше дело на Педро Поро во 53.минута, а Бренан Џонсон ја запечати победата со гол во судиското продолжение на додавање на Вернер, во 93. минута за конечни 0-4.
И покрај поразот Сити останува на втората позиција на табелата, но Ливерпул в недела против Саутемптон ќе има можност да ја зголеми предноста на огромни осум бода.