Мурињо ги шокираше новинарите, реакција за која брмчи Италија
Тренерот на Рома, Жозе Мурињо, не беше расположен за разговор со медиумите по убедливиот пораз од Интер (3:0), па наместо да разговара со претставниците на седмата сила, тој само одржа краток монолог.
Рома на својот „Олимпик“ доби шлаканица од поранешниот клуб на Мурињо, а по мечот трофејниот стручњак само се појави во прес-салата и им се извини на медиумите.
Ви се извинувам во студиото и на луѓето дома кои можеби ги интересираат вашите прашања, но вечерва нема да одговорам на нив“, изјави Мурињо за DAZN и продолжи за самиот натпревар.
„Интер е посилен од нас и кога сме во полн состав, а особено вечерва бевме ослабени поради повреди на некои играчи. Минатата сезона Интер имаше 29 бода повеќе од Рома и денеска ни беше доста тешко да играме во овој состав. Абрахам и Карсдорп добија суспензија „Повредени се Ел Шарави, Пелегрини и Спинацола, а корона има Афена-Џиан“, изјави Португалецот и напомена дека неиграњето на сите наведени е голем проблем.
Откако му беше поставено прашање, Мурињо одби да одговори и само кажа:
„Твојата работа е полесна, и затоа ние заработуваме многу повеќе од тебе“.
По вториот последователен пораз Рома е на петтото место со 13 бодови повеќе од лидерот Милан.