Францускиот гигант ПСЖ со 4-1 ја победи Барселона на Монжуик и со вкупни 6-4 се пласира во полуфиналето од Лигата на шампионите. Клучен момент на дуелот беше црвениот картон кој во првото полувреме го заработи стоперот на Барса, Араухо.

Барселона мечот го почна со предност од 3-2 по првиот меч, а по само 12. минути игра тоа водство беше зголемено откако Рафиња постигна гол за 1-0 по еден извонреден продор и асистенција на Јамал.

Но, работите почнаа да се менуваат од 29. минута кога Араухо доби црвен картон по фаулот врз Баркола.

Во 40. минута Дембеле постигна прекрасен гол и изедначи на 1-1. Тоа беше резултатот од првото полувреме.

По девет минути игра во вториот дел Витиња даде гол за комплетен пресврт и водство на ПСЖ од 2-1. Со овој гол вкупниот резултат беше изедначен на 4-4.

 

Во 61. минута Мбапе даде гол за предност на ПСЖ од 3-1 по пеналот направен врз Дембеле од страна на Кансело. Мбапе погоди и во 89. минута за конечна победа од 4-1 и пласман во полуфиналето од Лигата на шампионите.