Арсенал беше сигурен против Вулвс, а тимот на Барнли испука „петарда“ против Шефилд Јунајтед. Англискиот вицепрвак Арсенал славеше со 2-1 и се зацврсти на првата позиција во Премиерлигата, додека голема победа оствари и Барнли против Шефилд со 5-0.
Арсенал уште во првото полувреме го најави триумфот, откако по 13 минути водеше со 2-0 со головите на Сака и Одегард.
Вулвс во 86. минута погоди за 1-2 преку Куња и се врати во игра за бодови, но „топчиите“ го задржаа водството и освоија нови три бода.
Во самиот финиш фаворитот можеше да остане без победа, но ВАР застана на страната на Арсенал и го поништи пеналот за Вулверхемптон
„Топчиите“ се први на табелата со 33 бодови, односно четири повеќе од Манчестер сити и пет од Ливерпул.
Барнли беше одличен на домашен терен против еден од конкурентите во битката за опстанок и постигна дури пет голови, додека Брентфорд со 3-1 го совлада Лутон.