Македонскиот фудбалски репрезентативец, Бојан Миовски, одлично ја почна новата епизода во дресот на Абердин, откако вчера го постигна вториот гол во третиот официјален натпревар сезонава.

Македонскиот голгетер со неговиот инстинкт за гол, дојде до израз по половина час на гостувањето на неговата екипа кај Стирлинг. Миовски донесе водство во осминафиналната пресметка од шкотскиот Лига Куп. Тимот на Македонецот се пласира во четвртфиналето со триумф 2-1.

Миовски беше стрелец и пред пет дена во пресметката на Абердин на домашен терен против големиот Селтик (1-3).