По новиот пораз на Севиља, овојпат во Лигата на шампионите на домашен терен со високи 4:1 од Борусија, Јулен Лопетеги ја напушти клупата на Андалузискиот тим .
Севиља многу лошо ја отвори сезоната, има само една победа во сите натпреварувања, во првенството против Еспањол со 3:2, а откако среде Севиља беше поразена од Борусија Дортмунд со високи 4:1, Јулен Лопетеги си замина од клупата.
Кадарот со кој располагаше беше прилично неурамнотежен, на стоперските позиции мораа да играат оние на кои не им е тоа работа, имаше и многу проблеми со повредите и гневот на навивачите на крајот беше насочен не кон Лопетеги туку кон челниците на клубот.
По мечот Лопетеги доби аплауз од играчите, добар дел од навивачите му аплаудираа , а голема е веројатноста дека нема уште долго да биде невработен.
Имено, веќе се споменува дека треба да го преземе Вулверхемптон кој има испразнето тренерско место, а тој се споменува како главен кандидат.
Хорхе Сампаоли се очекува да седне на клупата на Севиља.