Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ продолжува со одлични настапи на турнирот во САД, во Синсинати, овојпат лесно со 2-0 во сетови беше подобар од Тејлор Фриц.
Ѓоковиќ првиот сет го доби без загубен гејм, во вториот Фриц пружи посилен отпорт, тој сет Новак го доби со 6-4. Дуелот траеше само еден час.
Во полуфиналето Ѓоковиќ ќе игра против Зверев кој со 6-2 и 6-3 го совлада Манарино.
Алкараз повторно загуби сет, овојпат од Пурсел кој го доби првиот сет со 6-4, но следните два му припаднаа на Шпанецот со 6-3 и 6-4.
Алкараз во полуфиналето ќе игра против Хуркач кој го совладааПопирин со 6-1 и 7-6.