Кина ги забрани ТВ преносите од натпреварите од англиската Премиер – лига овој викенд. Причината се планираните манифестации на солидарност кон Украина, кои ќе ги има на сите натпревари од претстојното коло.
Премиерлигашите објавија дека се „целосно против постапките на Русија“.
„Повикуваме на мир и нашите мисли се со сите кои се засегнати“, додаваат во својот став од елитата на англискиот фудбал.
Викендов капитените на тимовите ќе носат специјални ленти со боите на Украина, а на видео-бимовите на стадионите ќе пишува „Фудбалско останува заедно“. Пред секој натпревар ќе има момент кога играчите и навивачите ќе ги изразат своите симпатии за Украина.