Екипата на Стронгест во бразилска џиу-џица освои 25 медали на турнирот „АДЦЦ Македонија“, кој се одржа викендов со учество на 45 тимови од 17 земји, па Македонија се искачи на првото место на ранг-листата.
Вкупно десет златни, девет сребрени и шест бронзи освоија за Стронгест и Македонија, нашите натпреварувачи во џиу-џица
Златни медали освоија Даниела Алексовска, Томи Блажевски, Горазд Василевски, Анџела Стамкова, Филип Митревски, Лука Стојановски, Иван Сапунџиев, Изабела Зајков, Дарко Димитриев и Лазар Кулукоски
Со сребрени медали се закитија Ева Илиевска, Давор Метович, Мартин Димитровски, Матеј Ивановски, Илина Велиновска, Лука Колевски, Христијан Чолески, Петар Петрески, Матеј Исакоски, додека бронзени се Ива Спиридоновска, Стефан Пецевски, Далибор Кафеџиоски, Леонид Димовски, Виктор Шикоски и Стефан Каланоски.